Северна Кореја истрела балистичка ракета, тврди јужнокорејската војска

Северна Кореја истрела „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти јужнокорејската војска, неколку дена по последниот тест и во пресрет на посетата на американскaта потпретседателка Камала Харис на Јужна Кореја, пренесе AP.

„Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источно Море“, соопшти здружениот Генералштаб во Сеул, мислејќи притоа на водите што се нарекуваат и Јапонско Море.

Јапонската крајбрежна стража, исто така, ја потврди можноста за лансирање балистичка ракета, пренесувајќи информации од јапонското Министерство за одбрана и притоа ги повика бродовите на внимателност.

Лансирањето е дел од досега невидената серија воени тестови од Пјонгјанг годинава.

Јужнокорејската разузнавачка агенција предупреди дека Пјонгјанг се подготвува да изврши нова нуклеарна проба.

„Северот го заврши третиот тунел во нуклеарната централа Пунџе-ри“, изјави пратеникот Јо Санг Бум за новинарите по состанокот на разузнавачките служби во Сеул.

Американската потпретседателка Камала Харис утре треба да пристигне во Сеул во кратка посета во која ќе ја посети демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Американскиот брод на нуклеарен погон УСС „Роналд Реган“ неделава учествуваше во воените вежби со јужнокорејската војска во водите во близина на полуостровот.

Вашингтон е главниот безбедносен сојузник на Сеул и околу 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе