Северна Кореја истрела пет ракети во Јапонското Море

Северна Кореја во понеделникот истрела уште пет проектили со кус дострел во водите на Јапонското Море, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана во контекстот на зголемените тензии на Корејскиот полуостров.

„Лансирањата се регистрирани во областа на градот Хамхунг, околу 15.39 часот по локално време, или 7.39 минути по македонско. Проектилите летале околу 200 километри и паднале во морето“, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Според истиот извор, јужнокорејските војски се „ставени во состојба на боева готовност и внимателно ја следат ситуацијата“. Притоа не се наведува типот на ракетите кои биле истрелани.

Ова е трето лансирање на проектили од источниот брег на Северна Кореја во последните две седмици. Во петокот, на 18-ти март, беа истрелани две балистички ракети со среден дострел, исто така, во водите на Јапонското Море. Стручњаците претпоставуваат дека станува збор за проектили од типот „Родонг“ со дострел меѓу 1.200 и 1.500 километри.

Претходно на 10-ти март Пјонгјанг објави дека лансирал две балистички ракети со кус дострел, исто така, кон Јапонското Море. Според јужнокорејската воена команда, овие проектили биле лансирани од покраината Хванхае-до, во јужниот дел на Северна Кореја и паднале во водите североисточно од пристаништето Вонсан, во источниот дел од земјата. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе