Северна Кореја изведе уште едно тестирање на ракета, но овој пат станува збор за неуспешен обид, пишува BBC. Ракетата експлодирала неколку секунди по лансирањето.
Веста ја соопштија јужнокорејските официјални власти, според кои тестирањето е извршено од градот Вонсан на источниот брег. Ова тестирање во наредниот период би требало да се покаже како одговор на годишните воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја.
Инаку, во последно време Северна Кореја сè почесто минува време во вакви тестирања, а експертите велат дека тоа би можело да доведе до напредок во ракетната технологија на земјата.