Северна Кореја: Светот е на работ на нуклеарна војна

МАКФАКС
/ 06.04.2023 / 08:38

Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите до работ на нуклеарна војна поради нивните заеднички воени вежби.

САД ветија дека ќе одговорат со „офанзивна акција“, пренесува Reuters повикувајќи се на државните медиуми во Пјонгјанг.

„Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа, на работ на нуклеарна војна“, објави државната новинска агенција KCNA.

Американските и јужнокорејските сили спроведуваат серија годишни пролетни воени вежби од март, вклучително воздушни и поморски вежби во кои учествуваат американски носач на авиони и бомбардери B-1B и B-52.

Пјонгјанг жестоко реагираше на вежбите, нарекувајќи ги проба за инвазија и ја засили својата воена активност во последните недели, откривајќи нови, помали нуклеарни боеви глави и вети дека ќе произведе повеќе материјал за нуклеарно оружје.

Јужна Кореја исто така тестираше, како што го нарече, подводен напад, беспилотно летало способно да носи нуклеарно оружје.

Минатиот месец, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи ја како одговор на сојузничките вежби, според Reuters.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе