Северна Кореја тестираше нова ракета - леташе околу 1000 километри

Северна Кореја тестираше нова хиперсонична ракета со цврсто гориво со среден дострел, објавија државните медиуми.

Лансирањето на проектилот во неделата не претставувало безбедносна закана за соседните земји, објави државната новинска агенција KCNA.

Целта беше да се тестира веродостојноста на новите повеќестепени мотори со цврст погон со висок потисок и хиперсонични водени боеви глави со среден дострел, според KCNA.

Истиот ден, делегација предводена од министерот за надворешни работи Чое Сон Хуи, која патува за Русија, го напушти Пјонгјанг, пренесе KCNA.

Расте тензијата меѓу двете Кореи

Лансирањето на ракетата и посетата на делегацијата на Русија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете Кореи по серијата лансирања на интерконтинентални балистички ракети од страна на Пјонгјанг и неговиот прв воен шпионски сателит, како и продлабочувањето на врските меѓу Пјонгјанг и Москва што го загрижија Вашингтон и неговите сојузници.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека ракетата во неделата била истрелана од областа Пјонгјанг околу 14:55 часот по локално време, летајќи околу 1.000 километри долж источниот брег, додека јапонското Министерство за одбрана соопшти дека максималната височина била најмалку 50 километри.

Пјонгјанг претходно соопшти дека ги тестирал своите нови мотори со цврсто гориво за средно балистички ракети на 11 и 14 ноември.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе