Шахпаска: Дијалогот е отворен, целта е јасна – недела ќе биде неработен ден

Квалитено законско решение за недела како ден за неделен одмор е од клучно значење.

Социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има, но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет. За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата за работа во ден на неделен одмор согласно закон и колективен договор, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата, соопшти МТСП.

Економско-социјалниот совет на денешната седница продолжи со дискусијата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.

– Трипартитниот дијалог е во насока на обезбедување на најдобро и најприфатливо решение  и остварување на суштинската цел недела да биде ден за неделен одмор, односно можност за подобрување на социјалната рамноправност и благосостојбата на сите граѓани како и зголемување на продуктивноста на работниците и работничките, се вели во соопштението.

За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дале и претставници од Државниот инспекторат за труд кои дале цврста заложба дека имплементацијата на предлог-законското решение за недела ден за неделен одмор ќе биде врвен приоритет.

– Целта на предлог Законот е овозможување на социјално праведна држава во која квалитетот, квантитетот и дигнитетот во приватниот живот на секоја една индивидуа која учествува на пазарот на трудот се гарантирани, посочуваат од Министерството.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Read more
 

Вести

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе