Шарената револуција со нов протест пред СЈО во 18 часот

Демонстрантите од Шарената револуција, за денеска, петок, во 18 часот, најавија нов протестен марш, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје, откако од средата почнаа со герила-акции, па блокираа крстосници во главниот град.

„Нов крик во петок во 18 часот пред СЈО! Нема правда нема мир! Граѓанки и граѓани, ве повикуваме да се собереме на масовен протест во петок, 10 јуни во 18:00 часот пред нашата тврдина - Специјалното јавно обвинителство, да им кажеме на властите дека одбројуваме и дека нашите барања се бескомпромисни“, се вели во повикот од Шарената револуција на фејсбук.

Потсетуваат дека поминаа три дена откако (Претседателот Ѓорге) Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако тие прецизно ги испорачале нивните црвени линии и рокови.

„Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Повторно ќе бидеме на улица, повторно ќе протестираме! Да им кажеме дека одбројуваме до 18 јуни. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“, велат од Шарената револуција.

Покрај двете барања за кои испорачаа рок до 18 јуни и за кои одбројуваат, потсетуваат и на останатите нивни барања.

Оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на (Рајнхарт) Прибе и ќе создаде услови за фер избори; 

- Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јуриздикција на СЈО.

- Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата.

- Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија.

- Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе