Шефот на разузнавачките служби на САД тврди дека е можен голем и разорен напад

Вашингтон, 15 јули 2018 (МИА) - Директорот на Националните разузнавачки служби на САД, Ден Коутс, предупреди дека заканата од кибер-напади врз САД се зголемува и оти „црвените светла повторно се палат“, речиси две децении по нападите на 11 септември 2001 година, јави Гласот на Америка.

„Русија, Кина, Иран и Северна Кореја секојдневно напаѓаат компјутери во федерални, државни или локални владини агенции, корпорации и академски институции“, рече шефот на американските разузнавачки служби.

Коутс истакна дека од овие четири земји, „Русија е најагресивен фактор“. Тој ова го изјави во говорот на Институтот Хадсон откако американското Министерство за правда објави ново обвинение против 12 Руси кои хакирале компјутери на демократи и кандидатката Хилари Клинтон и на тој начин се мешале во претседателските избори во САД пред две години.

Коутс предупредил дека „постои зголемена опасност од кибер напади од страна на странски држави кои можат да ја уништат критичната американска инфраструктура“. Кибер-нападите ги поврза со „алармантните активности“ кои американските разузнавачки агенции ги откриле пред нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година.

„Црвените светла се палат. По две децении, велам дека црвените светла повторно се палат“, истакна Коутс.

Тој рече дека владата на САД се уште не открила нови руски напади врз избирачки места и базите на податоци на избирачите, како оние пред изборите во 2016 година.

„Сепак, јасно ни е дека сме оддалечени само еден клик од слична ситуација“, оцени Коутс.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе