Шекеринска: Секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне ќе биде регистриран

Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Тоа се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека е многу внимателна со бројките и нагласи дека нема да се крие ниту еден податок. Апелираше медиумите да бидат претпазливи.

Министерката посочи дека како земја која и сама се соочувала со свои бегалци, како земја која сама барала поддршка од НАТО и од ЕУ, сега, како што рече, кога сме во НАТО имаме и малку повеќе одговорност да размислуваме и да помогнеме да се ублажи оваа хуманитарна катастрофа.

Поради COVID-19 ние се соочуваме со проблеми и затоа, појасни, сите оние бројки за кои досега договаравме и дававме зелено светло ќе бидат практично на трошок на нашите сојузници или на дел од организациите што ги праќаат. Тие ќе бидат поддршка за оваа хуманитарна помош.

– Како држава која знае колку е опасен екстремизмот треба да дадеме помош и поддршка, рече Шекеринска.

Министерката Шекеринска информира дека еден дел од Авганистанците кои се евакуирани и кои работеле за НАТО, ќе бидат најверојатно транспортирани во некоја од НАТО базите низ Европа.

– И ние веќе добивме барање од НАТО и најверојатно позитивно ќе одговориме за некаков тип на дополнителна поддршка таму, со офицери за цивилно-воени односи, офицери за односи со јавност, како и со одреден тип на можна медицинска или психолошка поддршка. Ние како дел од НАТО Алијансата ги дефинираме кои се тие капацитети кои можеме да ги испратиме во некои од НАТО базите низ Европа каде ќе бидат примени еден дел од евакуираните граѓани кои веќе работеле за НАТО Алијансата, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана посочи дека операцијата за евакуација навистина е многу широка, во десетина европски држави, еден дел, во воени капацитети и додаде дека состојбата се менува од ден во ден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе