Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО

Скопје, 30 август 2019 (МИА) – Членството во НАТО е прашање на недели и никој нема дилеми дека земјава функционира како де факто членка на Алијансата. Ја добивме поканата, многу брзо и успешно го завршивме процесот на преговори, и ниту една земја-членка не отвори ниту едно спорно прашање за ратификација на протоколите.

Ова денеска го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на потпишувањето на договорите со питомците за стручно оспособување и усовршување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, одговарајќи на прашањето до каде е процесот на ратификација на протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Посочи дека процесот на ратификации на Протоколот за членство на земјава во НАТО течеше неочекувано и многу брзо, што, според неа, е реткост за која било земја.

Рече дека останаа уште неколку земји каде што процесите на ратификација се во завршните фази и изрази очекување оваа есен процесот на ратификација да го завршат и САД, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Холандија, каде вториот дом на Парламентот треба да ја донесе одлуката.

– Во ратификациите на вакви протоколи, секогаш има факор икс. Доволно е  видите што се случуваше во Италија и Шпанија со можноста за предвремени избори, и да видите дека тука планирањето многу не помага. За нас е добра вест кога чувме дека е направен договор за нова италијанска Влада, и се надеваме оти тоа значи дека Парламентот ќе биде активен и ќе ја продолжи ратификацијата, додаде таа.

Потсети дека и во Велика Британија исто така има некои политички превирања.

– Таму беа доволни пет дена предлогот да биде ставен во процедура и практично на завршувањето на тие пет дена да се смета одлуката да биде донесена. Но сега заради суспензиите на Парламентот сѐ уште не се јасни сите детали и сите термини за да можеме да претпоставуваме кога ќе се случи, појасни министерката Шекеринска.

Амбасадорите на 29-те земји-членки на 6 февруари годинава во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Очекувањата се дека по завршувањето на ратификациите на протоколот, во декември земјава ќе добие одлука за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе