Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Скопје, 8 октомври 2018 (МИА) - Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“. Пресудата денеска напладне во Кривичниот суд ја изрече претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска.

Јанкулоска е прогласена за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување. Според судот, таа знаела дека се работи за исклучително скапо возило. Осудениот Никола Груевски ја поттикнал Јанкулоска да го купи возилото, таа пак со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски да ја изврши задачата за набавката на возилото. Возилото е набавено во незаконска постапка, а се со цел да му се исполни желбата на Груевски, образложи судијката Кацарска.

Обвинителката Фатиме Фетаи по објавувањето на пресудата рече дека до правосилноста на пресудата постои можност за бегство на осудената Јанкулоска, но имајќи ги предвид нејзините семејни прилики, предлага да и се определи мерка забрана за напуштање на живеалиштето до извршување на казната.

Сања Алексиќ, адвокат на Јанкулоска, оцени дека предлогот на СЈО е неоснован и побара судот да не го прифаќа.

Судечкиот совет даде пауза од половина час за да донесе одлука за предлогот. на СЈО.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваше Јанкулоска, само нејзините адвокати и претставници на СЈО.

Судење за Јанкулоска, кое пред неколку месеци беше издвоено поради нејзината бременост, започна кон крајот на август годинава откако таа се породи.

Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Двајцата се жалеа до Апелацискиот суд за висината на казните. Апелација во петокот соопшти дека жалбата на Груевски е отфрлена и му ја потврди затворската казна од две години. На Поповски, пак, пресудата му е преиначена на четири ипол години затвор.
реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе