Шест изведувачи во денешната програма на „Култура во време на Корона“

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – После вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.

-Со почеток во 11:30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе може да го проследите видео перформансот на Гоце Илиевски, а половина час потоа, од 12:00 часот па до 14:00 часот следат пијано изведбите на Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода и Дуња Иванова во паркот Шопен во Кисела Вода. Во 14:00 часот ќе настапи Силви Бенд со своите познати хитови. За вечерните часови, следат маалските концери на групата Pluto’s Doubts во 18:00 часот и групата South Park во 20:00 часот во населбата Аеродром кај Стела, информираат од Град Скопје.

Сите настапи ќе бидат пренесувани во живо на

– Facebook страницата на Град Скопје  https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

– Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

-Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/. Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, како и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца… во времетраење до два часа, велат од Град Скопје .

Сите учесници, додаат оттаму, ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе