Шест места каде не се препорачува да го полните телефонот

Ви „умре“ батеријата? Не правете грешка со полнењето.

На сите ни се случува да заборавиме или да немаме време да го наполниме телефонот.

Ова може да биде вистински проблем кога сме далеку од дома. За наша среќа, има се повеќе јавни места кои ќе ни ги олеснат маките и ќе ни овозможат целосно бесплатно да ја наполниме батеријата.

Сепак, иако јавните станици за полнење може да изгледаат како добредојдено решение, нивната употреба може да создаде огромни проблеми. Зошто?

„Тие станици за полнење и USB-порти може лесно да се модифицираат за да им овозможат на криминалците пристап до нашите телефони, вклучително и инсталирање малициозен софтвер на уредите“, вели Џејмс Гопел, професор по сајбербезбедност на Универзитетот Дрексел.

Ова се најопасните места за полнење на вашиот уред:

Аеродроми

Железнички / автобуски станици

Туристички атракции

Трговски центри

Хотели

Кафулиња

Овие локации имаат многу сообраќај, а криминалците ги сакаат бидејќи можат да стигнат до огромен број жртви. Сепак, неопходно е да се разликуваат четири типа на полнење телефон на јавни места и нивното ниво на безбедност.

Најбезбедниот начин на полнење е штекерот каде што ќе го приклучите полначот на телефонот (ако го носите со себе). На овој начин, хакерите не можат да пристапат до вашиот уред, па дури и ако штекерот е оштетен, нашите полначи за телефон одамна се паметни, па мала е веројатноста дека батеријата на телефонот може да се оштети.

Вториот најбезбеден начин на полнење е безжичното полнење. Размената на податоци помеѓу телефонот и безжичниот полнач е едноставно „ракување“, каде што уредот му кажува на полначот дека може да почне да се полни. Секако, неопходно е вашиот паметен телефон да има можност за безжично полнење.

Преостанатите два типа на полнење што можете да ги најдете на јавни места се USB-порта во која ќе го приклучите вашиот кабел или постоечки USB-кабел што ќе го приклучите во телефонот.

Експертите за сајбер безбедност нè предупредуваат токму за овие типови на полнење. Портите и каблите се честа мета на криминалците, а преку нив стигнуваат до своите жртви. Општата препорака е да ги избегнувате, но доколку морате да ги користите, не ги користете на наведените места.

Тагови
реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе