Шест навики на жените кои никогаш не се болни

Можеби нема да можеме да влијаеме на сите, но некои навики сепак нема да наштетат.

Се прашувате што се случува со оние луѓе кои некако секогаш успеваат да ги избегнат досадните настинки? Како го прават тоа? Дали им е даден некаков натприроден имунитет? Па, не баш. Тајната е во многу едноставните секојдневни навики кои ги штитат и одржуваат здрави.

Фиксно време за спиење

Истражувањата покажуваат дека оние кои спијат осум часа секоја вечер имаат помали шанси да се разболат од оние кои спијат седум часа или помалку. Причина? Вашето тело се обновува ноќе и ги регулира хормоните на стрес кои можат да ве направат поподложни на инфекции.

Јадете шарено

Храната богата со антиоксиданси, како што се слаткиот компир (содржи бета каротен), агрумите и црвените пиперки (со витамин Ц), бадемите (витамин Е) и црвеното грозје или виното (во контролирани количини) ги регенерираат клетките и им помагаат во борбата против микробите и бактериите.

Здравје на цревата

Секојдневно го внесувате надворешниот свет во вашето тело и, иако повеќето од овие бактерии и микроби се безопасни, некои од нив може да ве разболат. Вашите црева ја играат оваа голема улога. Добрите бактерии можат да го зајакнат вашиот имунолошки систем, па затоа би било добро да земате пробиотици кои содржат добри бактерии - барем за време на настинки и грип.

Не прескокнувајте го миењето раце

После речиси две години поминати во пандемија, миењето раце е поважно од кога било. Не мора постојано да сте опседнати со миење раце за да го одржите вашето здравје, но ќе го намалите ризикот од болести за 15 до 50 проценти ако ги миете рацете кога се очекува - пред да подготвите храна, пред оброци или после кашлање или кивање. Добро тријте ги со сапун цели 20 секунди и секогаш имајте со себе средство за дезинфекција на рацете - она со најмалку 60 проценти алкохол.

Гушкајте се

Социјална дистанца на страна, обидете се да најдете (безбедни!) начини да поминете повеќе време со луѓе со кои се чувствувате добро - особено кога поминувате низ тежок период или имате проблеми дома/на работа. Едно истражување покажа дека луѓето со најголема поддршка во стресни ситуации имаат многу мали шанси да се разболат или да се заразат со вирусот - а прегратките го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Останете смирени

Едно истражување покажа дека лесната јога (заедно со вежбите за дишење) го зајакнува имунитетот веќе два часа по започнувањето на вежбањето. Ако често наидувате на стрес, обидете се со релаксирачка јога или вежби за дишење, како и медитација.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе