Ширер: Играчите на Арсенал не го сакаат Венгер

Поранешниот фудбалер Ален Ширер зборуваше за играчите на Арсенал по најновиот пораз што го доживеаја во Премиер лигата.

„Топџиите“ доживеаја петти пораз во седум натпревари  вчера на пладне, откако изгубија од Вест Бромвич со 3:1.

Ширер, во изјава за „Match of the Day“ рече дека играчите на тимот од северен Лондон биле „малтретирани“ од играчите на Тони Пјулис.

Најновиот пораз само го зголемува притисокот врз менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој има сѐ повеќе противници кои сакаат да си замине од позицијата, а некои фанови дури и ангажираа авион со банер „Венгер оди си“ да прелета над Хоторнс.

Ширер смета дека, со оглед на последните резултати, според кои Арсенал заостанува со пет поени зад четвртопласираниот Ливерпул, играчите на Венгер веќе не му даваат целосна поддршка на својот менаџер.

„Има многу муабети за иднината на Арсен Венгер“, вели Ширер.

„Играчите не зборуваат многу. Но нивната игра зборуваше за нив денес. Судејќи по таа игра, и неодамнешните резултати, не го сакаат веќе на таа позиција.“

„Арсен Венгер требаше да си ги погледне играчите и да побара реакција. Играа без срце, без борба, без насока. Сите играчи, со исклучок на Санчез, беа за срамота.“

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе