Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денеска одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски. Ова е втор отказ за поранешниот македонски репрезентативец кој на тимот од Чаир минатата година му ја донесе титулата, прва по ерата на Слога Југомагнат.

Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во 1.МФЛ, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.
Информацијата за разделбата со Седлоски, Шкупи се очекува официјално да ја потврди попладнево.
Засега не е објавено кој ќе го наследи Седлоски на местото шеф на стручниот штаб на клубот од скопски Чаир.