Шолц: Германија стана независна од рускиот гас и нафта за 8 месеци

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешното обраќање пред Бундестагот, рече дека ѝ гарантирал на Украина понатамошна воена помош, како од Германија, така и од европските земји.

„Германија, заедно со нејзините европски партнери, ќе се погрижи Украина да продолжи да се снабдува со оружје и опрема за да истрае во својата одбрана“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц (Социјалдемократска партија на Германија SPD) при поднесувањето на извештајот за работата на коалициската влада до Бундестагот, во пресрет на самитот на Советот на Европската Унија следната недела во Брисел.

Тој рече дека сега е многу важно Украина да се снабди со муниција што е можно побрзо. „На состанокот на Советот на Европската Унија следната недела ќе донесеме мерки со нашите европски партнери за да постигнеме подобро и пред сè континуирано снабдување“, рече Шолц.

Канцеларот истакна дека Германија веќе обезбедува значителна воена помош за Украина, која се брани од руските напади. Шолц ги повика граѓаните на Германија да гледаат кон иднината со доверба и покрај драстичните промени што се случија по рускиот напад на Украина.

„Точно е дека самодовербата и оптимизмот не може да се наметнат со декрет, но тие се плод на реализираните напори“, рече Шолц и укажа на фактот дека Германија во меѓувреме стана независна од рускиот гас и нафта, за само осум месеци.

„Немаше ниту економски пад, ниту затворање на индустриските постројки, како што некои предвидуваа“, рече Шолц. „Ова покажува дека, кога е потребно, можеме многу брзо да ја извршиме трансформацијата“, заклучи канцеларот Шолц.

Шолц, исто така, вети дека градовите и општините ќе помогнат во згрижувањето на бегалците од Украина. Парламентарната опозиција ја критикуваше социјалдемократско-зелено-либералната влада на Олаф Шолц за неуспеси во нејзината претходна работа и реакција на војната во Украина.

„Самодовербата се јавува кога граѓаните чувствуваат дека ги води влада која има ориентација, носи одлуки, која не е само силна на зборови“, рече претседателот на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU) Фридрих Мерц, реагирајќи на говорот на Шолц.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе