УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/2023

Шпанија на пенали го остави Модриќ без репрезентативен пехар

Хрватска не успеа да ја освои Лигата на нации. Во драматично финале во Ротердам загуби од Шпанија, која беше подобра во пенал-серијата.

Во последните осум натпревари кои отидоа во продолженија и/или пенали, Хрватска победи на шест од нив. Два загуби од истиот противник - Шпанија. Прво во осминафиналето на ЕУРО 2020 година, а сега во финалето на Лигата на нации.

По 120 минути немаше голови, иако Шпанија објективно беше поблиску до водство, а на крајот „Фуријата“ беше поуспешна, помудра, помирна во изведувањето на пенали и го освои ова издание на Лигата на нации со вкупни 5:4 по шест серии пенали откако по 120 минути игра мрежите мируваа.

Во првите три серии немаше промашувања. Погодија Влашиќ, Брозовиќ и Модриќ за Хрватска, а за Шпанија Хоселу, Родри и Мерино, а потоа Симон го одбрани ударот на Ловро Мајер. Прецизен беше и Асенсио, Перишиќ ја сочува надежта, а потоа Лапорт ги врати во игра „Ватрените“ откако ја погоди пречката. Сепак, баскискиот голман Унаи Симон се претвори во херој одбранувајќи го пеналот на Бруно Петковиќ, а потоа Дани Карвахал ладнокрвно реализираше паненка за триумф на Шпанија.

Можеме, сепак, да кажеме дека беше заслужено, бидејќи Шпанците ја имаа најдобрата шанса во регуларниот дел, а во продолженијата беа за нијанса поопасни.

Во првото полувреме имаше малку вистински шанси. Само две. По една на секоја страна. Во 12. минута Гави нечуван од никого од околу 18-ина метри биеше само покрај стативата, а во 23. минута Крамариќ за момент ѝ побегна на шпанската одбрана пред Лапорт да го стигне и да спаси речиси сигурен гол на Хрватска. Перишиќ двапати се обиде со глава, а на другата страна Мората, но на пауза се замина без голови.

Во вториот дел Хрватска почна подобро заканувајќи се со ударот на Јурановиќ по продорот на Перишиќ во 51. минута. Шпанија возврати со шутот на Родриго од далечина и ударот со глава на Асенсио, но сето тоа вон голот.

Дојдоа на ред првите замени: Петковиќ го замени Пашалиќ, а Хоселу и Фати влегоа место Пино и Мората. Следуваа неколку добри шпански минути, но без реални шанси, па наместо Мерино и Фернандес и влегоа Руис и Ле Норман, а Влашиќ наместо Иванушец.

Темпото почна да опаѓа, Хрватска како да се издува малку и можеше да биде казнета поради тоа. Во 84. минута Шпанците со многу играчи влегоа во хрватскиот шеснаесетник, Фати доби зицер на 6-7 метри и шутираше. Ливаковиќ веќе беше совладан, но од некаде се појави сеприсутниот Перишиќ кој од гол-линијата спречи сигурен гол и речиси сигурна победа на Шпанија. Неколку минути подоцна шутираше и Асенсио, но не беше прецизен и така се замина во продолженија.

Во дополнителните 30 минути Шпанците беа подобри, пред сѐ преку Асенси и Олмо, но не беше безопасна ниту Хрватска. Начо со лизгачки старт одбрани пред Мајер, а биеја и Брозовиќ и Ковачиќ.

Следуваше веќе опишаниот пенал-рулет, во кој Шпанците овојпат успеаја да слават благодарение на херојот Унаи Симон кој ги одбрани ударите на Мајер и Петковиќ.

Remote video URL

Шпанија е освојувач на третото издание на Лигата на нации на УЕФА откако претходно освојуваа Португалија и Франција.

За најдобар играч ан финалето е прогласен Марцело Брозовиќ од Хрватска.

Лука Модриќ, за кој има гласини дека по Лигата на нации се повлекува од репрезентацијата, остана без пехар со Хрватска откако претходно освои сребро и бронза на Мундијалите во 2018 и 2022 година. Модриќ во септември ќе полни 38 години.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе