Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber Chat асистент и Sparkasse Viber Community

Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“. Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање. 

„Глобалната пандемија придонесе банките со забрзано темпо да го прилагодат своето работење и опслужување на клиентите преку засилена дигитализација и користење на електронските канали како главни канали за извршување на потребните  банкарски операции. Прилагодувањето кон промените што ги донесе пандемијата е предизвик за секоја организација и треба да го најде вистинскиот модел за комуникација и за опслужување на клиентите, а без притоа да го намали корисничкото задоволство. Нашиот „Sparky“ Viber асистент ја има улогата да им го овозможи на клиентите директниот контакт со нашите вработени преку видеоповици и директни одговори на прашања на мобилниот телефон, со што ќе се намалат физичките посети во експозитурите и ќе придонесеме за зачувување на општото здравје во заедницата“ – изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Преку Sparkasse Viber Community (заедницата) клиентите редовно ќе ги добиваат информациите за промотивните кампањи на Банката, како и важните известувања од значење за корисниците на нејзините услуги. Станете дел од нашата Шпаркасе „заедница“ на следниот линк

Како дел од големото семејство на австриската групација на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата, Шпаркасе Банка Македонија континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на дигиталните услуги во Република Северна Македонија. Банката и во иднина ќе продолжи да ги вложува своите ресурси во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и градење позитивно корисничко искуство при користењето на финансиските услуги како преку дигиталните така и преку традиционалните канали за продажба.

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе