Шри Ланка забрани јавање слонови додека пиете алкохол

Слоновите во заточеништво во Шри Ланка ќе добијат биометриска лична карта, а на нивните јавачи им е забрането да пијат додека јаваат, стои во новиот закон за заштита на животни во таа земја.

Многу богати жители на Шри Ланка поседуваат слонови како домашни миленици за да го покажат нивниот престиж. Но, често има и пријави за лош третман кон тие животни.

Воведени се строги регулации за работа со слонови, како и обврска на дневно капење во траење од два и пол часа. Официјалните податоци покажуваат дека на Шри Ланка има околу 200 слонови во заробеништво, додека на слобода има околу 7.500.

Новиот закон предвидува сите сопственици на слонови да имаат нивни лични карти, се забранува работата со слонови бебиња и нивно одвојување од мајките. Слоновите вработени во дрвната индустрија не смеат да работат подолго од 4 часа, а се забранува и ноќна работа.

Слоновите веќе не смеат да се користат во филмови освен во владини продукции и под строг надзор на ветеринар. Во туризмот се забранува јавање слонови на повеќе од 4 лица, а оние кои ги јаваат не смеат да пијат алкохол.

Сопствениците на слонови мора да ги испраќаат животните секои шест месеци на преглед, секој што ќе го прекрши законот може да остане без слон. а му се заканува и казна затвор од 3 години.

Ловењето диви слонови на Шри Ланка е казниво со смрт, но обвинувањата се многу ретки.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе