Што да набљудуваме на ноќното небо во ноември?

Доколку небото е ведро, а загадувањето минимално, ова се настаните во кои ќе можеме да уживаме во текот на ноември.

3 ноември - Познатата комета 67P / Чурумов-Герасименко ќе биде најблиску до Сонцето во соѕвездието Близнаци. Кометата ќе блеска со магнитуда од 8,3.

4 ноември - Млада месечина

5 ноември - Уран ќе биде во опозиција во соѕвездието Овен. Планетата е на спротивната страна на Земјата од Сонцето. Речиси во исто време ќе биде најблиску до Земјата. Ќе биде видлив од 18:19 до 4:21 часот и ќе биде со магнитуда од 5,7 степени. Сепак, најдобро е да користите двоглед.

8 ноември - Конјукција на Месечината и Венера во соѕвездието Стрелец. Месечината ќе помине на 1°06′ северно од Венера. Магнитудите на Месечината и Венера ќе бидат -10,8 и -5,5. Месечината ќе биде стара четири дена, а Венера многу светла. Вистинско време за набљудување на оваа планета.

8 ноември - Кометата 67P/Чурјумов-Герасименко на 0,42 АЕ од Земјата. Ќе може да се набљудува со телескоп. Магнитуда 8,3.

10 ноември - Конјукција на Месечината и Сатурн во соѕвездието Јарец. Месечината ќе мине на 4°06′ јужно од Сатурн. Магнитудите на Месечината и Сатурн се ќе бидат 11,7 и 0,4.

11 ноември - Месечината ќе влезе во првиот квартал.

11 ноември - Конјукција на Месечината и Јупитер во соѕвездието Јарец. Месечината ќе мине на 4°21′ јужно од Јупитер. Магнитудите на Месечината и Јупитер ќе бидат -12,0 и -2,4. Осветленоста на Јупитер ќе опаѓа.

12 ноември - Максимален метеорски рој на Северните Тауриди активен од 20 октомври до 10 декември. Матичното тело на е кометата 2P/Енке. Радијантот е во соѕвездието Бик.

17 ноември - Максимум на метеорскиот рој Леониди кој е активен од 6 до 30 ноември. Матичното тело е кометата 55P/Темпл-Татл, а радијантот е во соѕвездието Лав.

17 ноември - Расфрлано ѕвездено јато М45, или Плајади, во поволна положба за набљудување во соѕвездието Бик. Ќе може да се набљудува со голо око бидејќи магнитудата ќе му боде 1,6. Ќе кулминира во 23:38 часот на надморска височина од 69° над јужниот хоризонт.

19 ноември - Полна месечина.

19 ноември - Делумно затемнување на Месечината кое нам нема да ни биде видливо бидејќи ќе се случува кога Месечината ќе биде под нашиот хоризонт.

27 ноември - Планетоидот Церера ќе боде во опозиција во соѕвездието Бик. Планетоидот ќе се наоѓа на спротивната страна на Земјата од Сонцето. Со магнитуда од 7,2, за набљудување ќе биде потребен минимален телескоп.

27 ноември - Месечината ќе го почне последниот квартал.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Вести

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Read more

Колку заработуваат вработените во Google?

Read more

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Read more

Повторно падна Cloudflare

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе