Што да очекуваме од годинашната климатската конференција COP?

Обединетите Арапски Емирати се домаќини на климатскиот состанок COP, кој ќе се одржи по 28-ми пат од крајот на ноември до средината на декември. Но, што точно е COP и кои се неговите цели?

COP (Convention of Parties) е состанок на 198 засегнати страни кои ја потпишаа оригиналната Рамковна конвенција за климатски промени во Бразил во 1992 година. Од 1995 година, COP се одржуваат секоја година, со исклучок на 26-тото издание во Глазгов, кое беше одложено за една година поради пандемијата на коронавирус.

Состанокот во Обединетите Арапски Емирати го доби името COP28, по 27-то издание што се одржа минатата година во Шарм-ел Шеик, Египет.

Долгите, сложени и понекогаш тензични преговори меѓу светските лидери треба да резултираат и со финална декларација оваа година, која често се објавува далеку зад предвиденото, пишува агенцијата France Presse. На маргините на средбата пристигнуваат бројни лобисти, претставници на невладини и меѓународни организации и други набљудувачи. Договорите мора да се постигнат со консензус, што значи дека мора да се усогласат различните ставови и интереси, се со цел борба против климатските промени.

Критичарите посочуваат дека заклучоците на COP не се доволно суштински во однос на брзината со која се менува светската клима, со сè подеструктивни последици.

Шведската активистка Грета Тунберг ги нарекува „бладање“. Иако многу COP беа неуспешни, онаа што се одржа во Париз во 2015 година резултираше со монументалниот Париски договор, ратификуван од 195 земји.

Тоа е првиот договор што ја обедини меѓународната заедница со цел глобалната температура да се одржи на „многу под“ 2°C во однос на прединдустрискиот период или на 1,5°C ако е можно.

На состанокот во Глазгов во 2021 година, фосилните горива за првпат беа прогласени за главен извор на глобалното затоплување, но под притисок на Кина и Индија, во финалниот текст не се бараше нивно целосно напуштање, туку за намалување на употребата на јаглен.

На COP28 оваа година се очекуваат рекордни 80.000 луѓе, тврди претседателството на ОАЕ. Меѓу нив ќе биде и папата Франциско. Емиратите се на удар на критики уште пред почетокот бидејќи за претседавач на состанокот го избраа Султан Ал Џабер, шеф на националната нафтена компанија ADNOC.

Но, Џабер и другите ја гледаат конференцијата како можност претставниците на енергетските компании да разговараат за зелената транзиција од фосилни горива, повторно главна тема на разговор. Претседателството на COP постави конкретни цели за 2030 година: тројно зголемување на капацитетот за производство на енергија во светот од обновливи извори, двојна енергетска ефикасност и производство на водородна енергија.

Во ОАЕ за првпат ќе се разговара за напредокот на светот во остварувањето на париските цели. Техничкиот извештај објавен во септември заклучи дека светот е далеку од планираното и дека „потребно е многу повеќе на сите фронтови“.

Како и секогаш, парите ќе бидат во центарот на дискусиите. Богатите земји ветија финансиска помош за земјите во развој за да им помогнат да се справат со последиците од климатските промени и транзицијата, но ова ветување сè уште не е исполнето.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе