Што е направено во Турција и Сирија 5 месеци по разорните земјотреси?

Во февруари разорни земјотреси ја погодија Јужна Турција и Северозападна Сирија. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во уривање на згради, а милиони останаа без покрив над главата. Иако помина многу време, сепак ситуацијата е многу тешка.

Паоло Манчи, претставникот на УНИЦЕФ во Турција за Euronews зборуваше за тоа што е досега направено и што е потребно во погодените подрачја.

„Ситуацијата се промени во овие пет месеци. Поминавме низ драмата, низ катастрофалните слики што веројатно сите ги виделе, до закрепнување. Ситуацијата е моментално, би рекол, веќе во фаза на опоравување, во некои урбани центри е започната обновата“, рече Манчи.

Животот, рече тој, се враќа во нормала, но УНИЦЕФ проценува дека околу 4 милиони деца сè уште имаат потреба од хуманитарна помош, а 1,6 милиони луѓе живеат во шатори или други привремени засолништа. Хуманитарните потреби се уште поголеми за оние што живеат надвор од градовите.

Но, дури и во градовите, на луѓето им е потребна поддршка. Во Турција се предлагаат нови мерки, како намалување на даноците и нивно задржување на пониско ниво за одредено време.

Потребата за помош ќе биде голема уште долго време. Оваа трагедија погоди околу 15 милиони луѓе во Турција и повеќе од 5 милиони во Сирија.

Многу проблеми сè уште не се решени. Еден од нив е обезбедувањето на населението со вода за пиење. Во услови на веќе жешко лето, ова е особено важно. Според УНИЦЕФ, 1,6 милиони луѓе кои живеат во привремени населби во Турција сè уште немаат постојан пристап до вода. Ситуацијата во Сирија дополнително е отежната поради борбите.

Друг проблем со кој се соочуваат е да им се овозможи на децата пристап до образование. Во земјата сега е летен распуст, а Министерството за образование се обидува да се подготви за новата учебна година за децата од погодените подрачја да можат редовно да ја започнат истата.

Во меѓувреме, во привремените центри за обука за време на летниот распуст, децата го стигнуваат материјалот што го пропуштија поради трагедијата. Во Сирија, на териториите под контрола на бунтовниците, автобусите претворени во подвижни училници возат во кампови за раселените луѓе.

Доктори и психолози на фронтот

Луѓето се трауматизирани и од она што се случи и од новата реалност, секојдневието. Докторите и психолозите се многу барани. УНИЦЕФ што работи во Турција се обидува да испрати што е можно повеќе експерти во погодените области.

„Имаме многу добри партнери и луѓе кои се специјализирани за повреди од земјотрес. За среќа, овде во Турција постои потенцијал што веројатно не постои во другите земји“, вели Паоло Манчи.

УНИЦЕФ се обидува да создаде заштитна средина за децата да зборуваат за нивната траума. За ова се формирани повеќе од 50 центри, но и таа бројка не е доволна. Оние што го преживеале земјотресот во 1999 година како деца, сега како возрасни велат дека навистина посакувале да ја имаат психолошката поддршка што сега им се обезбедува на децата. Но, во секој случај, психолошката траума ќе остане доживотно.

Во Северозападна Сирија луѓето кои живееле во кампови пред земјотресот сѐ уште се таму, а дел од повредените сѐ уште чекаат соодветен третман. И тие се трауматизирани од она што се случи, но, за разлика од Турција, не можат да сметаат на помошта на психолозите.

„Немаме поддршка што може да му треба на секое семејство за да ја надмине оваа траума. Во камповите, ние, Белите шлемови, правиме нешто, но тоа не е доволно. Ни требаат повеќе специјализирани луѓе да им помогнат. Има локални невладини и меѓународни невладини организации, но ние немаме такви центри“, изјави за Euronews Исмаил Абдула, волонтер од Белите шлемови, невладина организација која работи на териториите под контрола на бунтовниците. Од самиот почеток тој бил на лице место и помагал да се извлечат луѓето од урнатините.

„Прво, мора да ја запреме војната!“

Сега волонтерите на Белите шлемови преминаа во следната фаза, работејќи на расчистување на урнатините, помагајќи им на луѓето да излезат од областите со згради што може да се урнат во секој момент, опремувајќи кампови со шатори и градејќи патишта за да се олесни транспортната поддршка до камповите.

Сепак, според нив, реставраторските работи се отежнати со постојаното бомбардирање, а потребите на луѓето се задоволуваат само 10-20%.

„Има експлозии и страв од нова офанзива на теренот од страна на Русија и режимските сили. Само да можевме да им помогнеме на луѓето да се вратат во своите домови и да ги напуштат камповите. Ова е итна потреба, но за тоа, пред сè, мораме да ја запреме војната“, вели Исмаил.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе