Што го прави кремот Nutella толку посебен?

Овогодинешната мартовска продажба на Nutella крем со намалена цена од 70% направи неповторливи редици пред француските маркети, па затоа научниците решија да „копаат“ малку подлабоко и да откријат која е тајната на Nutella.

Почетоците на Nutella датираат од многу одамна, од време кога чоколадото беше премногу скапо па за да се произведе кремот мораше да се употребат големи количини на лешници.

Во 1946 година, веднаш по крајот на Втората светска војна, Италијанецот Пјетро Фереро реши да употреби лешници за да го произведе кремот кој го нарече Pasta Gianduja, за потоа тој да биде преименуван во Nutella во 1964 година. Неговата популарност оттогаш е ненадмината, со продажба на една тегла на секои 2,5 секунди на светско ниво, а компанијата Ferrero поради него има годишен профит од 6,5 милијарди фунти.

Nutella ја достигна популарноста многу брзо, бидејќи тоа не беше уште еден производ без кој не може да се преживее или е неопходно да се има, туку тој беше олицетворение на „поп-лукс“ синдромот (популарен луксуз). Она што го прави овој крем посебен се неговите состојки. Освен шеќерите и мастите, Nutella изобилува со чоколадо, а чоколадото само по себе содржи состојки кои створаат зависност. Една од овие состојки е триптофанот, кој е аминокиселина која е прекурсор на серотонинот, кој е одговорен за промената на расположенија. Високите нивоа на серотонин резултираат во чувство на задоволство. Покрај триптофанот, во Nutella има и фенилетиламин, невротрансмитер кој потекнува од амфетаминот, а предизвикува чувство на возбуда и привлечност.

Иако не може да се каже дека Nutella кремот е нутриционистички добар за вас, сепак многумина тврдат дека тој содржи клучни витамини и минерали кои се добри за вашето здравје. Лешникот кој го содржи кремот е добар за здравјето на вашето срце, но високото ниво на шеќер и масти се многу штетни за вас. Но, токму тие се одговорни за вкусот кој сте навикнати да го сакате.

Бидејќи се прави со палмино масло, Nutella кремот може да се размачка на било каква површина, од палачинки до леб.

Не е изненадувачки фактот дека Nutella е кремот кој сите нѐ направи зависни од благо, но и елитисти кога се работи за кремови за мачкање.

реклама

Живот

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Read more

„Баш си сладок, штета што си во кола“ – Што може да научиме од герила акцијата во Белград?

Read more

Многу мажи се плашат од жените родени во овој хороскопски знак

Read more

Одржливата мода во фокусот на Моден викенд Скопје: Дали сме подготвени?

Read more

Магазин

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Читај повеќе

Рецепт за совршен колач со сливи

Читај повеќе
  • play_arrow

Светски рекорд: Има шест месеци и обожава скијање на вода

Читај повеќе

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Читај повеќе

Најлошите работи кои оваа есен може да ги направите за вашето здравје

Читај повеќе

Љубовен хороскоп: Идеални партнери за родените во знакот Вага

Читај повеќе

Неколку совети како да се здебелите на природен начин

Читај повеќе

Најтоксичната работа во вашиот фрижидер

Читај повеќе
  • filter

„Баш си сладок, штета што си во кола“ – Што може да научиме од герила акцијата во Белград?

Читај повеќе