Што ќе се случи во вашето тело ако јадете по две лажици мед секој ден?

Медот како додаток во исхраната може да го направи речиси секое јадење повкусно - од печено пилешко и риба до леб и десерти.

Ново истражување покажа дека медот исто така може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта, иако некои видови може да бидат подобри од другите, пренесува Eat This.

Истражувачите од Универзитетот во Торонто, чии резултати од студијата неодамна беа објавени во Nutrition Reviews, одлучија да утврдат какво влијание може да има медот врз кардиометаболните фактори на ризик.

Истражувачите се фокусираа на 18 контролирани испитувања во кои беа вклучени повеќе од 1.100 учесници и траеја два месеци. Резултатите покажале дека консумирањето мед има позитивно влијание врз кардиометаболичкото здравје, како што е намалувањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Кај учесниците кои консумирале во просек по две лажици мед секој ден, забележано е дека сировиот и цветниот мед се причина за многу здравствени придобивки. Од друга страна, преработениот мед не бил толку ефикасен.

„Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот содржи околу 80 проценти шеќер, па можеби нема смисла нешто толку слатко да го намалува шеќерот во крвта и нивото на холестерол. Но, медот е исто така комплексен состав од обични и ретки шеќери, протеини, органски киселини и други биоактивни соединенија кои имаат голема веројатност да имаат здравствени придобивки“, објаснува Таузеф Кан, истражувач на споменатата студија и истражувачки соработник за нутриционистички науки на Универзитетот во Торонто.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе