Пушењето е една од најлошите работи кои може да ги направите на организмот. Дали знаете дека дури и една цигара може да му наштети на телото?

Пушењето е ризик фактор за развој на секакво хронично заболување, но има и негативни ефекти кои се покажуваат веднаш откако ќе ја изгасите првата цигара.
Што може само една цигара да му направи на телото?
Синусите се обложени со ист вид ситни влакна кои ги штитат белите дробови од слуз, а пушењето на нив влијае исто. Штом дојде до носот, влакната кои се нормално активни се вкочануваат, па слузта се таложи во синусите поради што сме подложни на воспаленија и инфекции.
Затнатиот нос наскоро може да премине во главоболка.
Пушењето може да биде ризик за развој на астма кај оние кои во семејството немаат историја на оваа болест. Примарен симптом е бронхоспазам кој се создава кога мускулите кои ги обложуваат дишните патишта нагло се згрчат. Тоа доведува до недостиг на здив и напади во вид на свирежи и кај астматичарите. Но и кај оние кои првпат пушат.
Како што патува димот од цигарите до белите дробови, така предизвикува нови проблеми.
Штом повлечете дим тој почнува да го попречува начинот на кој маснотиите се таложат и разложуваат во телото, а истовремено срцето чука побрзо и мора да работи повеќе отколку во нормални услови. Никотинот ја нарушува способноста на телото правилно да ги разгради лошите масти па тие послободно се движат низ крвотокот и може да се згрутчат и формираат наслаги во крвните садови.
Нивото на лош холестерол почнува веднаш да расте кај пушачите, а покрај тоа се намалува нивото на ензими и протеини по што доаѓа до намалување на нивото на добриот холестерол, а таложење на лошиот холестерол.
Пушењето спаѓа во фактор кој доведува до рефлукс на желудочна киселина бидејќи никотинот влијае на желудникот, се зголемува количина на киселина што ја произведува.
Многу пушачи тврдат дека цигарата ги опушта и им помага да се смират, но истражувањата покажаа дека го прави спротивното.
Никотинот многу брзо го погодува мозокот и моментално ги смирува областите кои ги контролираат емоциите, но тоа трае само неколку секунди. Кога ќе заврши мозокот останува во моментален и благ облик на „повлекување“. Со секој дополнителен дим од цигатата мозочните рецептори за допамин изумираат. Тоа значи дека откако ќе завршиме со цигара која сме ја запалиле за да се чувствуваме добро, мозокот не може да го обработи допаминот и пушењето не е навистина пријатно колку што се верува.