Што не треба да копирате од порно филмовите?

Порно филмовите се главно направени за машката фантазија, па дури и камерата снима од машка перспектива. Во реалниот живот, сексот е сосема поинаков. Кој сака да научи нешто за да задоволи жена не е на вистинскиот пат со гледање порно филмови.

Прво што ќе забележите е дека сите се секогаш подготвени за секс и сите секогаш достигнуваат оргазам и тоа е без проблеми со навлажнување. Порно филмовите може да ве возбудат, да ве инспирираат, да ве разонодат па може да ги гледате со партнерот, само не верувајте во сè што ќе видите во нив. И немојте тоа да го правите дома, споредувајќи се со порно актерите.

Во хетеросексуалните порно филмови е занемарена предиграта, која е ептен важен дел од сексот. Не само што е забавна, туку е и здраво сексуално искуство. Особено кога станува збор за стимулација на клиторисот, кој за многу жени е важен при возбудување.

„Не се гледа ништо или многу малку има за тоа како жената ужива и доживува оргазам, па тогаш жените мислат дека нешто не е во ред со нив или дека не може да свршат со вагинална пенетрација, како што се сугерира во порно филмовите. Сексот треба да биде уживање за сите кои учествуваат, не само за една личност. Ако сакате навистина да дознаете како изгледа сексот, порно филмовите може да ви дадат погрешна порака“, смета Џиџи Енгл, сексуална едукаторка од Њујорк.

На повеќе од две третини од жените им е потребна стимулација на клиторисот за да се возбудат и да доживеат оргазам. На жените им е потребно подолго време, двојно повеќе за разлика од мажите, за да доживеат оргазам. Просечно околу 20 минути. Во порно филмовите, жените свршуваат за неколку минути, што не е реалистично.

Потоа, тука е илузијата дека сите постојано мислат на секс и тоа со првата личност на која ќе наидат.

Кога станува збор за аналниот секс, треба да се знае дека анусот не се навлажнува и проширува во текот на сексуалната возбуда, како вагината. За анален однос е потребно време, трпение и подготовка. Во филмовите нема болка и неред, има подмачкување со малку плунка, додека зад камерите ги чекаат канти полни лубриканти. Тоа навистина нема врска со реалноста.

Во порно филмовите често и без прашање од анален секс преминуваат на вагинален секс, а во реалниот живот ништо не треба да се случува без прашање на партнерката, неприфатливо е да се стави во уста нешто од анусот од хигиенски и здравствени причини. 

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Љубов и секс

Венера денеска влегува во Скорпија: Ја потпалува љубомората, ги враќа бившите

Read more

Голем љубовен хороскоп за септември: За кого Венера ги враќа бившите?

Read more

Дали не знаете да бидете сингл?

Read more

Три хороскопски знаци ги очекува љубовен пресврт до крајот на август

Read more

Магазин

Најраните знаци на деменција се покажуваат 15 години порано

Читај повеќе

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е најдобро да појадувате за намалување на холестеролот?

Читај повеќе

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Читај повеќе

Како да ги проверите радијаторите пред да почне грејната сезона?

Читај повеќе

Може ли прекумерното внесување протеини да предизвика запек?

Читај повеќе
  • play_arrow

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Читај повеќе

Намирници што треба да се јадат секој ден

Читај повеќе

Јапонија за прв пат има повеќе од 100.000 стогодишници

Читај повеќе