Што ни носи Wi-Fi 7, новиот стандард за безжичен пренос на податоци?

Новиот стандард за безжичен пренос на податоци би требало да биде присутен на сите големи светски пазари до 2025 година.

Intel се подготвува да пласира Wi-Fi 7 (802.11be), безжична врска од следната генерација која е повеќе од двапати побрза од Wi-Fi 6E (802.11ax).

Прво ќе го добијат лаптопите, а потоа ќе се инсталираат во сите персонални компјутери до крајот на 2024 година. До 2025 година би требало да биде присутен на големите светски пазари.

Wi-Fi 7 речиси ја удвојува фреквенцијата на проток (пропусен опсег), од 170 на 320 MHz и ја удвојува брзината на пренос на податоци, со можност за последователно зголемување на брзината.

Како што пишува Tech Radar, Intel очекува дека новиот стандард ќе најде области за примена првенствено во игри за компјутер кои имаат поголеми „барања“, како и во виртуелната и проширената реалност и роботиката.

Qualcomm, Broadcom и MediaTek исто така работат на развој на сопствени производи кои ќе поддржуваат Wi-Fi 7, а Intel планира да соработува со други компании за да ги опреми со тој стандард, пренесува Tportal.

Со стандардниот Wi-Fi 6 (802.11ax) теоретски беше можно да се добие брзина на пренос на податоци од 9,6 гигабити во секунда, во зависност од тоа кои чипови ги користел рутерот. Во пракса, брзините беа значително помали, но употребата на различни делови од спектарот помогна да се ослободи товарот.

Максималната теоретска брзина за Wi-Fi 6E е иста, но тој стандард има уште еден опсег, наменет за поновите уреди, поради што брзините беа поблиску до максимумот.

Wi-Fi 7 оди чекор понатаму. Не само што додава нов опсег (6 Hz), туку го зголемува и пропусниот опсег, што треба да резултира со значително поголеми брзини - до 40 Gbps.

Се разбира, ова е максималната можна брзина. Во секојдневната пракса веројатно нема да надмине 10 Gbps.

Сепак, само уредите што можат да го најдат ќе можат да го користат новиот опсег. Засега ги нема многу на пазарот. Меѓу нив се, на пример, Google Pixel 6a, Samsung Galaxy S22+, како и бројни нови компјутери со оперативен систем Windows.

Ништо од горенаведеното не треба да ве спречи веднаш да купите нов безжичен рутер. Особено ако се подготвувате за надградба на постара безжична мрежа. Во такви случаи, префрлањето на Wi-Fi 6E треба да обезбеди значително подобрување.

Но, ако не брзате, можеби вреди да почекате да видите што навистина може да направи Wi-Fi 7.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе