Што нуди првото блиндирано BMW на струја?

BMW Series 7 е еден од најпопуларните модели кога се во прашање блиндираните возила. Дали тоа ќе биде и електричниот i7?

Ако судиме според перформансите, тогаш е тешко, бидејќи тивкиот i7 драстично ја губи својата агилност по третманот за инсталација на балистичка заштита. Наместо 4,7 секунди што му се потребни на основниот i7 за да достигне 100 км/час истото забрзување сега трае двојно повеќе, дури и 9 секунди. Во исто време, максималната брзина е ограничена, но не на 240, туку на 160 км/час.

Изведбата Protection на моделот i7 нуди балистичка заштита на ниво VR9. Визуелно, автомобилот однадвор се дистанцира со претседателски додатоци како што се носачи на знамиња, опционални сигнални светла и специјални бандажи од 20 инчи. Монтирани се гуми Michelin PAX run-flat.

Целата друга опрема доаѓа како опција од програмата за персонализација, но идејата е автомобилот да биде што понезабележлив однадвор.

Кога станува збор за кабината, таа е заштитена со т.н BMW Protection Core систем, т.е. челичните панели што ја сочинуваат заштитната обвивка, кои исто така доаѓаат со засилено безбедносно стакло на вратата што штити од калибар 7,62x54 R.

Во комплетот влегува и „самоисцелувачки“ резервоар за гориво, секако кај бензинскатаа верзија.

Од BMW тврдат дека патниците се заштитени од пешадиско оружје, мини и напади со беспилотни летала. За секој случај, можно е опционално да се опреми автомобилот со систем за снабдување со свеж воздух и автоматски систем за заштита од пожари.

За да комуницираат со луѓето во околината, патниците не го отвораат прозорецот, туку можат да комуницираат преку специјален домофон систем со дополнителни звучници и надворешен микрофон. Да го споменеме и премиум звучниот систем Bowers & Wilkins со 28 звучници и моќност од 1265 W, како и системот за затемнување на задното стакло. Вратите се отвораат со помош на електричен погон, патниците одзади имаат и ладилник за пијалоци, додека возачот добива дополнителен екран со постојано вклучена проекција на задната камера.

Како што рековме, i7 Protection има електричен погон. Се базира на верзијата xDrive60, што значи дека има 544 КС и 745 Nm. Заедно со значително полошите перформанси како последица на зголемувањето на тежината на возилото, секако има и помал опсег. За жал, BMW не го прецизира тоа.

Доколку ја изберете бензинската верзија, постои опција со 4.4 V8 мотор со 530 КС и 750 Nm. Оваа опција е многу поагилна, достигнувајќи 100 км/час за 6,6 секунди и достигнувајќи 21 км/час. И ова, заедно со автономијата, може да биде клучно за корисниците кои сакаат да избегаат од напаѓачите на безбедна локација.

Премиерата на блиндираната Series 7 вклучувајќи го и i7 ќе биде на почетокот на септември на саемот во Минхен, а потоа ќе бидат објавени и цените. Не очекувајте дека ќе бидат поволни.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе