Што предизвикува срцев удар кај млади жени и колку често се случува?

Срцевиот удар е најчестата причина за смрт кај мажите на возраст од 45 до 54 години, но кардиолозите веќе пријавуваат и сѐ поголем број случаи на срцеви проблеми кај млади жени.

Кардиолозите предупредуваат дека треба да се прави разлика меѓу срцев удар и срцев застој, термини што многу често и погрешно се поистоветуваат.

Срцев удар се случува кога една или повеќе коронарни артерии (артериите кои го снабдуваат срцевиот мускул со крв) се затнуваат, поради што срцето има недостиг на крв и кислород и тој дел од мускулното ткиво умира, освен ако не се лекува веднаш.

Срцев застој е друга појава – срцевиот ритам станува абнормален и срцето не може да пумпа крв до остатокот од телото.

Причините за срцев удар кај млади луѓе, особено жени, се различни, но најчестите се:

Абнормалности предизвикани од згрутчување на крвта, што може да предизвика формирање на грутка во некоја од коронарните артерии.

Расцепување во ѕидот на артеријата, што резултира со затнување. Ова е познато и како „спонтано коронарно расцепување“ и иако многу ретко се случува, може да се јави кај бремени жени или за време на интензивно вежбање.

Дрога, особено кокаин. Користењето кокаин може да предизвика интензивни грчеви на коронарните артерии, забрзано срцебиење (тахикардија) и зголемено згрутчување на крвта.

Наследна форма на многу висок холестерол во крвта, позната како Familial Hypercholesterolaemia. Ова може да предизвика таложење на холестерол во артериите и да го зголеми ризикот од затнување.

Истражување спроведено на Факултетот за медицина на Универзитетот на Северна Каролина од 1995 до 2014 година покажа дека бројот на млади пациенти примени во болница поради срцев удар се зголемил од 27% во периодот од 1995 до 1999 година на 32 проценти од 2010 до 2014 гоидна.

Зголемувањето на бројот на срцеви удари било особено изразено кај младите жени – 21% од вкупниот број на примени пациенти со срцев удар на почетокот на истражувањето биле млади жени, а тој процент се зголемил на 31 до крајот на истражувањето.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе