Siemens отвора 10.000 нови работни места

Siemens најави планови за одвојување и проширување на својот енергетски бизнис, додека истовремено ќе отвори 10.000 нови работни места во дигиталните индустрии и смарт инфраструктура.

Германскиот конгломерат се најде под засилен притисок изминативе години, откако нарачките за неговите производи од секторот за генерирање и пренос на енергија беа погодени од глобалното пренасочување на чиста и обновлива енергија.

Во соопштението од Siemens објавено вчера, гигантот вели дека од септември, 2020 година, бизнисот за природен гас и струја ќе биде одвоен. Siemens исто така ќе го припои својот дел од 59% во компанијата за обновлива енергија SGRE кон новоформираниот бизнис.

Компанијата вели дека ќе направи солидни инвестиции во области како електрична мобилност, смарт згради и складирање енергија, со што ќе се отворат околу 20.500 нови работни места ширум светот.

Со оглед на тоа дека се кратат работни места во други сегменти, бројот на нови работни позиции всушност ќе изнесува 10.000, според планот на компанијата да ги намали трошоците за 2,2 милијарди евра до 2023 година.

Заклучно со крајот на 2018 година, во Siemens беа вработени 379.000 работници ширум светот.

Се очекува денеска Siemens да го објави извештајот за кварталната заработка. Досега годинава вредноста на акциите на компанијата е зголемена за 5%.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе