Две малолетнички од Штип и од Кочани биле силувани, а случаите ги пријавиле нивни роднини.
Според крими билтенот на СВР-Штип вчера во 13:20 часот во Полициска станица-Штип, 57-годишна жена од Штип пријавила дека претходниот ден околу 16 часот малолетно лице извршило обљуба врз нејзината малолетна внука.
Вториот случај е во Кочани пријавен е вчера во 14:30 часот.
-Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00:30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.