Симовски: Пописот е статистичка операција и така ќе ја спроведеме

Државниот завод за статистика останува на ставот дека пописот е исклучиво статистичка операција и ќе ја спроведе на таков начин. Свесни сме дека ќе има политички притисоци, но до нас е дали ќе успееме да одолееме. Цврсто сме решени да истраеме во тоа и оваа операција навистина да биде само статистичка, порача денеска директорот на ДЗД Апостол Симовски.

Тој вели дека на ДЗС е да собере точни и квалитетни податоци и оти тоа и ќе го направи, а како тие податоци понатаму ќе бидат третирани, потенцира, не зависи од нив.

-Како некој ќе ги третира тие податоци кога ќе ги објавиме, тоа не зависи од нас. Оној што ќе знае да ги искористи ќе има исклучително голем бенефит. Наше е да ги обезбедиме тие податоци и тие да бидат секому достапни, а тоа секако ќе го направиме, рече Симовски на панел дискусијата на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ организиран од невладината организација ЦИВИЛ.

Директорот на ДЗС останува на ставот дека пописот ќе биде спроведен по сите стандарди.

-Се крена многу врева во текот на носењето на Законот, бидејќи методолошките елементи не беа дадени во него. Со објавувањето на Методологијата мислам дека стана сѐ чисто и јасно и оти особено за овие категории население за кои најмногу се дигна галама, односно што е вкупно резидентно население, што е нерезидентно, кои лица влегуваат во едната кои во другата категорија, дека тоа се разјасни и оти сме апсолутно во согласност во милиметар со она што се меѓународни препораки на ОН и Евростап. Тука не отстапуваме и јавноста тоа конечно го разбра, го сфати, а дилемите се разјаснети, дециден е директорот.

За разлика од пописите во 2002 и 2011, додава Симовски, со сегашниот се опфаќааат и нашите граѓани кои се надвор од државата повеќе од една година, бидејќи цениме дека државата има огромен интерес да ја знае бројката државјани кои се надвор од неа, каква е нивната структура по сите основи, кога заминале од државата во кои правци и во кој временски период заминале од државата. Не сум целосно сигурен дека може да се дознае точната бројка, додава Симовски, но овие податоци може да постават основа за проценка на целокупната бројка.

Тој појасни дека за овие лица се дава можност некој нивен близок да даде податоци, но, како што рече, строго ќе се води сметка кој ги дава податоците и како ги дава. Не случајно, потенцира Симовски, лицето кое ги дава податоците за друг го дава својот матичен број бидејќи ќе сноси одговорност ако се обиде со намера да даде податоци од она што е реалноста.

Симовски појасни дека за резидентно население е она ќе се сметаат македонски државјани кои се тука во државата или надвор но не подолго од една година, а нерезидентни државјани кои се надвор од државата подолго од една година.

Пописот, вели е, да се види кои сме, колку сме и какви сме, не само по етничка или верска припадност, туку по сите други карактеристики кои, како што потенцира, се многу поважни.

Неговата иницијатива во пописот да нема белези за етничка и верска припадност, од која под притисок на јавноста и невладините организации се откажале, имала за цел, пред сѐ да се избегне политизација на овој процес кој, како што рече, треба да е само статистичка операциа.

Градоначалникот на Град Скопје и прв човек на ЗЕЛС Петре Шилегов рече дека сите локални самоуправи се подготвени да дадат придонес во спроведувањето на пописот. Средствата кои се потребни да се обезеди логистичка поддршка не се големи, рече тој, а она што ќе го добијат локалните самоуправи е многу значајно за нивниот понатамошен развој.

Од пописот, рече, сите ќе добијат реални податоци за тоа што е на нивната територија со цел, по основ на тие податоци да може да се креираат политиките на микро ниво во средините, во заедниците.

Тој апелираше сите политички субјекти во нашата држава да ја напуштат деструкцијата да се откажат од евентуалните повици на бојкот, затоа што, како што рече, деструкцијата нема никаде никого да одведе, напротив.

Ако сакаме извесна иднина за нашата држава, добро планирање за развојот на нашата држава, потенцира Шиегов,  ние треба да ги имаме овие релевантни податоци.

Невладината организација ЦИВИЛ ја организираше панел дискусија на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“, на која учествуваа Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал“ и Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ. Панел дискусијата ја води Зоран Иванов, новинар. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе