Синодот на МПЦ-ОА одлучи да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ

Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја прифати поканата на Српската православна црква за одржување литургија на помирување, утре во храмот Свети Сава во Белград.

– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата ќе почне утре во 9 часот, а српскиот патријарх Порфирије, како што наведуваат српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Тимотеј денеска по координативниот состанок на Светиот синод во врска со одлуката на СПЦ за прогласување канонско единство со МПЦ-ОА, посочи дека МПЦ на литургијата ќе ја предводи архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и тројца митрополити во ранг најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, а, како што кажа, тоа е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел - автокефалност на МПЦ, посочи владиката Тимотеј.

Одговарајќи на новинарски прашања потенцира дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

– Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, вели владиката Тимотеј.

На прашање дали ќе сослужуваат со вселенскиот патријарх тој рече дека архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан му испратил писмо во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе