Сите возила во „Star Wars“, подредени по големина
Еден од артистите со најразновидно резиме, Скот Парк, ги нацрта возилата и леталата од оригиналната „Star Wars“ трилогија и сите нив ги смести во едно видео, за полсено да може да се забележи разликата помеѓу истите.
Скот Парк е голем љубител на филмската франшиза „Star Wars“, а посебно е вљубен во оригиналната трилогија, од која многу често црпе инспирација. Дел од неговата колекција може да погледнете на неговиот Tumblr профил.