Ситуации кои се случуваат во телото кога ќе се прејадете

На сите ни се случува понекогаш да се прејадеме. По прејадувањето ни треба сила за да го преживееме сто тоа што сме го внеле во организмот, а можеби не било потребно. Тоа чувство на прејадување е доволен поттик следниот пат да не го направите истото.

Што се случува во организмот кога ќе внесете повеќе храна отколку што сакате? Се ближат новогодишните и божиќните празници, затоа внимавајте со храната.

Најдобро е да се биде умерен, советуваат експертите.

Вашиот желудник се растегнува

„Големината на желудникот варира кај секого, но во просек може да прими литар содржина. Кога јадете премногу храна, желудникот може да се растегне до 4 литри“, објаснува докторката Лиса Еберли за Your Tango. „Добра вест е што желудникот е еластичен и брзо се враќа во нормала, но ако често се прејадувате, ќе се растегне“, предупредува таа.

Значи, оние кои го игнорираат чувството на ситост и продолжуваат да јадат, го растегнуваат желудникот што доведува до почесто чувство на глад и поголем внес на храна.

Постои уште една лоша навика која доведува до зголемување на желудникот, внесување течности со оброк.

„Кога пиете сок или пиво со јадење, во желудникот и цревата се создаваат гасови кои дополнително го растегнуваат. Исфрлете ги газираните пијалаци, избегнувајте да пиете течсноти додека јадете, а по оброкот може да пиете чај од ѓумбир“, советува докторката.

Храната влијае на мозокот

Многу вкусната храна може да има опасни ефекти на мозокот.

„Претераната консумација на вкусна храна може да поттикне реакции во системот на награди на мозокот, слични како оние забележани кај зависностите“, предупредува психологот Никол Оригем.

Кога јадете редовно, нутритивно богато и умерено, ќе јадете само кога сте гладни. Тоа е така затоа што хормонот грелин, кој управува со апетитот, се зголемува пред јадење и се намалува по јадење. Но, кога ќе се прејадете, грелинот останува активен.

Тука е и чувството на зависност, благодарение на зголеменото излачување допамин, додека уживата во вкусната храна.

Хормони

Додека грелинот го стимулира апетитот, други хормони го држат под контрола. Но, комуникацијата меѓу хормоните и мозокот трае до 20 минути, па ако јадете брзо и алчно, може да изедете многу повеќе од потребното.

Со оглед на тоа дека во текот на обилниот оброк се внесуваат повеќе калории отколку што може телото да потроши, тие се претвораат во маснотии и се складираат во пределот на стомакот и бутовите.

Шеќер во крвта

Кога се прејадувате, се произведува дополнителен инсулин за да се обработи количината шеќер од јаглехидратите.

Копнеете по јаглехидрати и шеќер за да го подигнете шеќерот што потоа панкреасот мора дополнително да го обработи и повторно ќе почувствувате умор по краткотрајното чувство на полет на енергија.

За овој проблем се советува прошетка веднаш по оброкот за да се избегне уморот предизвикан од скокот на шеќерот.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе