Ситуацијата е сериозна, добро е што финансискиот сектор е стабилен, смета Бесими

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека во актуелната ситуација што ја предизвика ковид-кризата, добро е што финасискиот сектор е стабилен.

На денешната средба со Македонската банкарска асоцијација, Бесими оцени дека е добро тоа што адекватноста на капиталот е 17 проценти, а ликвидноста 30 проценти.

– Тоа е голема предност во делот на справување со ковид-кризата. Индикаторите за вкупните депозити се 5,2 проценти, а кредитната активност е 8,8 проценти раст на годишно ниво. Во овој период кога останатите бројки се со негативен предзнак, добро е тоа што динамиката во финансискиот сектор е се уште со позитивен предзнак, рече Бесими.

Дека ситуацијата на економски план е сериозна, според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во однос на финансиската криза од 2009 година.

– Сега само во првиот квартал имавме пад на БДП околу 6,5 проценти, а со вториот квартал 12,7 проценти. Значи скоро четири пати падот на БДП е поголем во вториот квартал сега во однос на третиот квартал во 2009 година. Јавниот долг тогаш беше 26,7 од БДП, а сега сме на 39,5 проценти, истакна Бесими, додавајќи дека како Влада остануваат на стратешките определби за раст на економијата од четири до пет проценти на годишно ниво во следните години.

Најави неколку законски измени кои го опфаќаат делокругот на работење на банките, а во однос на ребалансот информираше дека ќе има зголемување на дефицитот и јавниот долг, но во мера за да не се загрози фискалната одржливост и финансиската стабилност.

Од Македонската банкарска асоцијација каде членуваат сите поголеми банки, беше посочено дека банкарскиот сектор е стабилен, со високо ниво на капитализираност и ликвидност и оти сите работат со добивка. Најавија дека ќе продолжат да соработуваат со сите засегнати страни со цел да се излезе од актуелната криза. Како дел од преземените активности во изминатиот период беа посочени одложувањето на плаќањето на кредитите, активната улога во издавањето на платежните картички и обештетувањето на штедачите од „Еуростандард банка“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе