Скандал, скандал, скандал: Дали судијата го оштети Реал против Валенсија?

Реал Мадрид успеа да се врати по 0:2 против Валенсија во вчерашниот натпревар од 27. коло на шпанскиот шампионат и длабоко во судиското надополнување да го постигне третиот гол, во тој момент вреден победа.

Така мислеа играчите на Карло Анчелоти и многумина на трибините, па дури ни судијата Хесус Манзано, кој свиреше за крај на натпреварот кога топката полета кон несудениот херој Џуд Белингем.

Се играше осмата минута од судиското надополнување кога Брахим Дијаз ја испрати топката од десната страна до горниот дел од шеснаесетникот на Валенсија. Белингем беше највисок во скокот и ја упати топката со глава, која секунда подоцна слета во мрежата крај десната статива. Некои играчи на Валенсија се фатија за главите и беа во неверување откако дозволија предност од два гола да се претвори за малку во нов пораз.

Remote video URL
Marca, As и Sport го користат зборот скандал за да го опишат виденото

Малку подоцна ќе испадне дека не беше пораз, туку нерешен резултат бидејќи Манзано означи крај на натпреварот кога Белингам требаше да шутира, па брилијантниот млад англиски играч за врска постигна неважечки гол.

Шпанските медиуми во описот на натпреварот наведуваат дека судијата направил „хаос“ и крајот на натпреварот го одвел во „рудник на теории на заговор“.

„Уништи добар натпревар“, пишува Marca на чија насловна пишува „Скандал на Местаља“.

„Скандал“ е насловот на насловната страница на Sport, а As го употребува истиот збор на насловната страница.

Што се однесува до самиот тек на натпреварот, Валенсија поведе со 2:0 по головите на Уго Дуро во 27. минута и Роман Јаремчук во 30. минута. Винисиус Јуниор го намали резултатот со гол во петтата минута од судиското надополнување, а потоа го израмни со глава во 76. Се изгледаше како голем пресврт за Реал во 98-ма минута, но Манзано реши да свирне крај на натпреварот само неколку моменти пред Белингем да шутира.

Тагови
реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе