Скандал во Челси: Директор доби отказ поради сексуално вознемирување

Доаѓањето на новата структура на луѓе со новите сопственици во Челси не помина без скандал откако Роман Абрамович го напушти лондонскиот клуб.

Демијан Вилоби е отпуштен од Челси нешто повеќе од две недели откако беше назначен за комерцијален директор, потврди лондонскиот клуб.

Тој беше отпуштен по обвиненијата и доказите за сексуално вознемирување против потенцијалната инвеститорка Каталина Ким.

„Фудбалскиот клуб Челси потврдува дека го прекина работниот однос на комерцијалниот директор Демијан Вилоби. Доказите за несоодветни пораки испратени од г-дин Вилоби пред неговото назначување во Челси на почетокот на овој месец неодамна беа доставени до клубот и беа истражени од клубот. Иако пораките биле испратени пред неговото вработување во клубот, таквото однесување е во апсолутна спротивност со работната средина и корпоративната култура воспоставена од новата сопственичка гарнитура на клубот“, се вели во соопштението на лондонскиот гигант.

URL

Тие исто така истакнаа дека сопствениците на клубот неуморно работат на поставување и постигнување на највисоките стандарди на теренот и надвор од него.

„Тие се решени да воспостават и негуваат култура на транспарентност, отчетност, инклузивност, различност и можности. Клубот е посветен на создавање средина што ги отелотворува овие вредности“, велат од Челси.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе