Скапиот Нејмар лудува со скршена нога во Бразил

Откако заработи повреда на стапалото кон почетокот на месецот поради што нема да игра до крајот на сезоната, Нејмар отпатува на рехабилитација во Бразил и наводно на своите пријатели им порачал дека нема намера да се враќа во Париз. Не само оваа сезона, туку никогаш повеќе како играч на ПСЖ.

Трансферот во ПСЖ се одвивал потполно спротивно од неговите очекувања. Тој се надевал дека навивачите ќе го обожаваат, дека лигата ќе биде покомпетитивна, односно дека ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите.

Но, ништо од тоа не се случи, а откако ПСЖ испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал, Нејмар наводно повеќе не сака да игра за клубот, кој за неговите услуги минатата сезона плати рекордна сума од 222 милиони евра за да го доведе.

Изминативе седмици можевме да прочитаме секакви шпекулации поврзани со неговата иднина. Некои медиуми тврдат дека Бразилецот очајнички сака назад во Барса, додека други пишуваат дека неговиот трансфер во Реал е веќе готова работа, додека други пак пренесуваат дека бара покачување на платата од 1.100.000 евра неделно.

И додека се очекува расплет околу негов евентуален трансфер или останува на „Паркот на принцовите“, Нејмар безгрижно ужива во рехабилитацијата во својата татковина.

Иако е повреден, Нејмар од ден во ден докажува дека не му е воопшто досадно и ги полни насловните страници и трач рубриките на светските медиуми.

Минатата недела ја згрози јавноста со имитацијата на Стивен Хокинг во количка, образложувајќи дека тоа било начин преку кој сакал да се збогува од починатиот научник, а сега со новата снимка која ја објави на својот профил на Instagram, сигурно е дека предизвикал без кај луѓето во управата на ПСЖ.

Играчот за кој летово платија рекордни 222 милиони, кој се заканува со заминување и го уценува клубот, танцува со скршена нога на прославата на роденденот на сестрата на својата девојка.

 

 

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе