Две млади жени кои имаат потекло од Балканот, а живеат и работат во странство, денес се венчаа во Будва.
Ова е првиот истополов брак кој е склучен во Црна Гора, која овој месец го усвои Законот за животно партнерство кој стапи на сила на 15 јули.
Министерката за јавна управа, дигитална трансформација и медиуми, Тамара Срзентиќ им посака многу среќа и љубов на партнерките во нивниот заеднички живот.
„Денеска е важен ден за ЛГБТ заедницата и горда сум што во нашата земја е склучен првиот истополов брак“, напиша министерката на Twitter.
Законот за животно партнерство е усвоен пред половина година, но сепак е потребно да се направи многу повеќе за да бидат исполнети сите предуслови за неговата примена, истакна министерката.