Скокнаа цените на нафтата по убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти откако високиот ирански воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад, што доведе до загриженост дека ескалацијата на тензиите на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот.

Цената на сировата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што  е највисока цената на нафтата од 17 септември, бидејќи пазарите се плашат дека Иран  би можел да возврати со напад врз постројките на САД и неговите команданти на Блискиот исток како одмазда за убиството на својот командант.

Цената на сировата нафта „US West Texas Intermediatea“  (WTI) скокна за 1,76 долар, односно за 2,9 отсто, на 62,94 долари за барел. Претходно таа достигна цена и од 63, 84 долари за барел, што беше највисока цена од 1 мај минатата година.

-Иран сигурно на некој начин ќе возврати на нападот- одмазда ќе има, како што се случуваше во минатото, со тоа што го нарекуваме асиметричен начин. Нема директно да се соочи со САД, но можеби повторно ќе нападне саудиски танкери, можеби повторно саудсики нафтени рафинерии, за Ал Џазира изјави Џон Тирман, извршен директор на Центарот за меѓународни студии на Институтот за технологија во Масачустетс.

Во воздушниот напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад утринава е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната Кудс единица на иранската Револуционерна гарда, како и командантот на иранската милиција, Абу Махди ал-Мухандис.

САД потврдија дека го извеле нападот, а Пентагон во соопштение наведе дека „цел на нападот била спречување на идните планови на Иран за напади“.

Во соопштението се наведува дека операцијата била изведена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер објави фотографија од американското знаме само неколку часа по објавувањето на веста за убиството на иранскиот генерал.

-Факт е дека Иран ќе возврати и ќе ги нападе американските ресурси и постројки или ресурсите и постројките на американските сојузници во регионот, како и дека тоа ќе го стори во текот на следниот период, рече Тирман.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе