Хроника

Скопјанка се здобила со скршеници откако се удрила во автобус

24. февруари 2018 - 12:26 | Макфакс

Педесет и деветгодишна жителка на селото Сарај се удрила во задна гума од автобус на улицата „11-ти Октомври“ пред Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ при што се здобила со скршеница на карлица и лев скочен зглоб.

Како што информираат од МВР, автобусот со скопски регистарски ознаки кој го управувал С.М. (53) во моментот на несреќата застанувал на автобуска постојка.

Повредената жена била веднаш пренесена во болницата „Св.Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош била задржана на понатамошно лекување.

Коментирај