Скопје прајд викенд по петти пат

Петтиот по ред Скопје прајд викенд 2017 наречен „ТРАНС-ФОРМАЦИИ“ ќе се одржи претстојниот викенд, од 22 до 25 јуни, во организација на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ЛГБТИ – Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет и ЛГБТ Јунајтед – Тетово.

Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста се ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ.

„Со оваа носечка идеја сакаме да ги отвориме прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакаме да ги претставиме и да експериментираме и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност“, пишува во поканата од организаторите.

Во програмата на овогодишниот Викенд ќе учествуваат светски и регионални реномирани уметници и изведувачи. Викендот на гордоста се отвора со изложба на светски реномираниот уметник Касилс (САД/КАН), во четврток, 22.06, во 20 часот и 30 минути во Мала Станица – Национална галерија.

Во петок, 23.06, во Кино „Култура“ со перформансот „Метарод” ќе се претстави француското дуо ДОЛОРЕС К., сочинето од уметниците Хелен Би и Виктор Марзук.

Во сабота, во 17 часот, во „Мала станица“ јавно предавање ќе одржи еден од најзначајните перформанс уметници и познавачи во областа на визуелните и изведувачките уметности – Доминик Џонсон, од Квин Мери во Лондон. Вечерта во ноќниот клуб Епицентар ќе настапи во живо со клупски перформанс Аереа Негро, една од дивите на електронската музика, пејачка со исклучителен вокал, продуцентка, диџеј и композиторка.

Фестивалот се затвора во недела, 25.06, со дрег кабаре на белградскиот колектив „Ефемерни исповеди” во Кино Култура.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе