Скопски моден фестивал од 3 до 6 април во партнерство со Државна лотарија

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста маса ѕвездената шесторка: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска?

Одговорот ќе се дознае многу наскоро – на четвртото издание на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Културно-забавната манифестација ќе се одржи во трговскиот центар Diamond Mall, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно ќе земат учество во рамки на четиридневната официјална програма на настанот.

„Среќата е насекаде!“ е слоганот под кој од трети до шести април, македонската метропола одново ќе пулсира во пролетниот моден ритам на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, на нова урбана локација и со сосема поинаков концепт од претходните три изданија на фестивалот. Домаќин на четвртата сезона е трговскиот центар Diamond Mall, лоциран во срцето на градот Скопје, каде во четири дена, публиката од земјата и странство ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.

„Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена. Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните  посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band.“ - најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Напоредно со презентацијата на последните колекции и опусот на најквалитетните македонски дизајнери и брендови, организацискиот тим на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, останува доследен и во ексклузивното претставување на интернационални гости од регионот и пошироко, но и во промоцијата на млади надежи и таленти чиешто време допрва доаѓа. Официјалната програма на манифестацијата ќе се одвива во среда (03.04), четврток (04.04), петок (05.04) и сабота (06.04), во временскиот интервал од 19:30 до 22:30 часот, со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители.

Организаторите традиционално изработија и краток моден филм како најавно видео за четвртата сезона, во соработка со Viral Agency, каде како заштитни лица и главни протагоности се појавуваат ѕвездената екипа сочинета од шесте величествени: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска. Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Двете впечатливи женски креации се изработки на дизајнерките Блерта Османи и Ивана Кнез, третиот изглед е шик комбинација од брендот Sara Fashion, а дел од машката постава носи костуми од Altinyildiz Classics и AC&co. Блескавиот и гламурозен накит е од Ador, додека чевлите и чантите се од Marabella.

Кампањата е снимена во луксузниот ентериер на хотелот Limak во Скопје. За шминката е заслужна визажистката Неше Салих, а за фризурите се погрижи студиото Social Hair Salon. Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со премиум брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido. Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel. Генерален покровител и партнер на Скопски моден фестивал е Државна лотарија, чијашто среќна калинка навестува уште поголема радост оваа пролет за љубителите на модата во државата.

„Skopje Fashion Festival денес е водечки домашен настан за љубителите на модата во метрополата, презентирајќи им го најдоброто од македонската култура низ симбиоза на дизајн, уметност, едукација и забава, а истовремено е домаќин и на реномирани имиња од регионалната и европската сцена. Маркетинг агенцијата МAX Management Agency како организатор на престижната манифестација, може да се пофали со учество на над 60 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 300 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 25.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот, после само две години и три сезони од нејзиното иницирање. Четвртата сезона очекуваме да се надминат и рекордите кои самите ги поставивме, како во однос на учесниците, така и за интересот на публиката“, заклучува Ивана Китановска Трпеска, директор за односи со јавноста на фестивалот.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе