Словенија прогласи крај на епидемијата, но не и на мерките

Состојбата со епидемијата во Словенија од COVID-19, што беше прогласена на 18 октомври лани, при вториот бран, веќе нема да се продолжува, изјави денеска Франц Виндишар, државен секретар во Министерството за здравство.

Бидејќи Словенија сѐ уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила остануваат заштитните маски во затворен простор, дезинфекцијата на рацете, физичката дистанца и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно само за вакцинираните, оние кои прележале COVID-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен ПЦР тест.

Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7 октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани до COVID-19.

-Ги замолувам сите да продолжат да ги следат препораките. Сите мерки остануваат во сила сѐ додека владата не ги укине или не го продолжи нивното траење, рече Виндишар, повикувајќи ги сите граѓани да се вакцинираат, што е најдобар начин да се постигне посакуваната масовна заштита од болеста, додавајќи дека сега има доволно вакцина во земјата.

„Зад над е една тешка година. Епидемијата нѐ стави пред многу искушенија. Ќе ги надминеме со соработка и солидарност, но сѐ уште не сме ја постигнале целта”, кажа Виндишар. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе