ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Случај Бензема: Го мислат повреден, а всушност селекторот го избркал

Карим Бензема не е во Катар и тренира со Реал Мадрид, а селекторот Дидје Дешан не сака да го врати во репрезентацијата иако се наоѓа на списокот на пријавени играчи кај ФИФА и може да ги засили „Ле Блу“ за финалето.

Франција повторно стигна до финалето на едно светско првенство, но изгледа Карим Бензема повторно нема да биде дел од тој спектакл. Селекторот Дидје Дешан во ниту еден момент не го избриша од списокот, менуваше и додаваше, па во последен момент од конечните 26 играчи поради повреди отпаднаа Преснел Кимпенбе и Кристофер Нкунку, пред нив уште неколкумина одлични играчи (Мајк Мењан, Лукас Дињ, Н'Голо Канте и Пол Погба), но Бензема на изненадување на сите остана на списокот иако воопшто не е во репрезентативниот камп.

Веќе некое време тренира со Реал Мадрид и клубот му даде зелено светло да откапува за Катар на финалето, но тоа нема да се случи. Очигледно нешто не е во ред помеѓу него и селекторот Дидје Дешан.

Токму Дешан на прес-конференција доби прашање дали може да смета на Бензема за големото финале, што е сосема логично прашање бидејќи реаловиот напаѓач е опоравен од повредата и подготвен, но Дешан само кратко одговори „Следно прашање“. Тоа беше знак новинарите да покренат истрага за односите меѓу Дешан и Бензема, кои со години беа во заладени односи поради скандалот кој Бензема го направи со Матје Валбуена, а се смирија пред ЕУРО 2020.

Ваквите сомнежи ги потврди шпанскиот новинар Серхио Валентин:

„Нешто се случува помеѓу Дидје Дешан и Карим Бензема. Тоа може да се види јавно, особено по победата на Франција над Мароко во полуфиналето на Мундијалот. Прашан за можното враќање на Бензема во Катар за мундијалското финале, Дешан покажа дека му е незгодно. Не сакаше да одговори на тоа прашање и само побара да постават друго. Тоа зборува дека напаѓачот на Реал Мадрид не си заминал своеволно, туку бил избркан“, напиша Валентин и со тоа дефинитивно ги разбуди духовите во француската репрезентација воочи најважниот натпревар годинава.

Доколку тоа е вистина, Французите одлично го зачувале мирот бидејќи за Бензема не се зборуваше цел Мундијал.

На ден пред свеченото отворање на Мундијалот, ФФФ соопшти дека поради повреда на бутот Бензема е приморан да го пропушти турнирот. Иако Дешан имаше право да го замени со друг играч, тоа не го направи и Бензема е на списокот кај ФИФА со право за настап.

„Бензема е огорчен на Дидје Дешан. Не разбира зошто така го третира. По првите тренинзи во Катар видел дека не е целосно опоравен од повредата и поради тоа му пришол и му рекол 'каква штета што мораш да си одиш'“, заклучува новинарот и додада дека овие информации протекле од друг француски репрезентативец.

Интересен е фактот што иако Бензема не е со репрезентацијата, доколку Франција ја совлада Аргентина в недела и тој ќе стане светски шампион токму поради фактот што се наоѓа на списокот од 26 играчи. За потсетување, Бензема не стана шампион кога Франција го освои Мундијалот 2018 во Русија.

Откако Бензема е топло-ладно со Дешан, во репрезентацијата блеска Оливје Жиру кој дури и го собори рекордот на Тјери Анри за најмногу постигнати голови во дресот со националните бои.

Бензема е актуелен освојувач на Златната топка на France Football за 2022 година.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе