Многу родители се снаоѓаат најдобро што можат за да ги забавуваат децата додека се во карантин, но некои знаат и да претераат. Објавена е снимка од Порторико на која се гледа како родител го лула детето на лулашка поставена на балкон на многу висока зграда.
Новинарот Карлос Падила го објави видеото од овој настан, а сцената прилично ги вознемири луѓето.
„Ова е смртоносна забава; Кој бил будала пред пандемијата таков ќе остане и во текот на пандемија, па и потоа; Што прави овој?; Ова е многу неодговорно“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.