Снимена суперстудена бура што соборува рекорди

Сме виделе фотографии или снимки од прекрасни облаци во форма на наковална што се формираат при невреме, најчесто во жешки летни денови, но веројатно малкумина знаат какви се температурите на врвот на ваквите облаци.

Јасно е дека е многу студено на овие височини, а понекогаш температурата паѓа под -100 степени Целзиусови. Научниците неодамна објавија истражување кое покажа дека на врвот на еден ваков систем на облаци од тропска бура регистрирана во 2018 година, температурата изнесувала -111°C, што е веројатно рекордно ниска температура, или најниска регистрирана на „наковалната“.

Облак во форма на наковална е всушност кумулонимбус (дебел и густ облак што се крева вертикално нагоре) на чиј врв се формира рамен дел. Имено, кога протокот на воздух во облакот ќе го досегне врвот на долниот слој на атмосферата или тропосферата, тој обично ќе се израмни и рашири, добивајќи ја познатата форма на наковална.

Феномен на пробивен плафон

Во случај на многу моќна бура, вертикалното движење на воздухот може да го пробие горниот дел на тропосферата – тропопауза - и да навлезе во стратосферата. Ова се случи на 29 декември 2018 година, кога експертите снимија суперстуден облак, јужно од екваторот во западниот дел на Тихиот Океан, кој се наоѓаше на околу 20,5 километри надморска височина.

„Овој феномен го нарекуваме пробивен плафон“, вели геофизичарот и климатологот Сајмон Прауд од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.

„Овие пробивни плафони се доста чести, ги гледаме и во Велика Британија. Но, ова е значително пробивање. Обично за време на пробивањето облакот се лади за околу 7 степени Целзиусови за секој километар над тропаузата. А тука имавме температура што е за 13 или 14 степени поладна од тропопаузата, па затоа стануваше збор за големо пробивање“, изјави тој за BBC.

Сè почести суперстудени бури

Податоците од истражувањето сугерираат дека бројот на вакви суперстудени бури може да се зголеми. Во последните три години ги иамше во ист број колку во последните 13 години. Ова е важно сознание бидејќи колку е постудена бурата, толку е поголема веројатноста да предизвика опасни временски услови, како што се молњи и поплави.

„Се чини дека ваквите појави стануваат сè почести во последните 20 години. Интересно е што тропопаузата станува сè потопла во овој дел од светот, па затоа не е невообичаено таму да очекуваме повеќе потопли отколку постудени облаци. Тоа веројатно значи дека имаме поекстремни бури, бидејќи бележиме поголеми пробивања отколку порано“, додаде Прауд.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе