Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

По успешното тестирање на дрон на ракетен погон, Venus Aerospace се надева дека ќе ја примени истата технологија за напојување на иден авион кој би летал со девет пати поголема брзина од звукот.

Компанијата Venus Aerospace од Хјустон, Тексас, успешно го заврши пробниот лет на својот дрон со „ракетен мотор со ротирачка детонација“.

Супербрзиот дрон леташе со речиси суперсонични брзини, благодарение на иновативниот мотор кој може значително да ги промени патничките авиони какви што ги знаеме денес.

Американската компанија се надева дека ќе може да користи ваков тип на мотор за да го напојува авионот на иднината кој би превезувал патници со девет пати поголема брзина од звукот. А, тоа е брзина од 9 маха (Mach 9), односно само малку поголема од неверојатните 11.100 км/ч.

Авион кој би летал со таа брзина би можел да го помине растојанието од Лондон до Сан Франциско или од Токио до Њујорк за само еден час!

Remote video URL
16 километри со брзина од 1.094 км/ч

„Дронот успешно го заврши својот прв лет. Тестот успешно ги покажа контролите на летот, стабилноста, работата на напредниот погонски систем со ротирачки ракетен мотор со детонација (RDRE - Rotating Detonation Rocket Engine), телеметрија, копнени операции и лансирање од воздух“, објави компанијата минатиот месец, откако претходното тестирање беше направено на 24 февруари.

Објавена е и снимка од првиот лет на дронот, на која може да се види како е лансиран од авион во лет. Леталото со должина од 2,44 метри и тежина од 136 килограми било испиштено од височина од 3.650 метри, забрзало до максимална брзина од 0,9 маха, односно 1.111 км/ч и така прелетало 16 километри.

Го придвижувал мотор со водород пероксид, со 80% максимален потисок, така што дронот не би ја надминал брзината од 1 мах. Тестираната технологија на ракетен мотор покажа 15% поголема оперативна ефикасност од стандардните ракетни мотори.

Брзината на звукот е околу 1.234 км/ч, додека дронот го извел својот лет од 16 километри (10 милји) со просечна брзина од околу 1.094 км/ч.

Stargazer – наследник на Concorde?

Иако веќе има авиони, главно воени, кои можат да летаат со брзина дури и поголема од брзината на звукот, комерцијалните патнички авиони се многу побавни од тоа. Единствениот цивилен суперсоничен авион досега успешно користен - познатиот Concorde, леташе со просечна брзина од 2 маха.

Млазен патнички авион, еквивалентен на дронот на Venus Aerospace, кој може да лета со девет пати поголема брзина од звукот, би бил вистинска револуција и во современиот воздушен сообраќај и во вечниот човечки напор да се надминат далечините.

Патем, медиумите веќе пишуваа минатата година за развојот на идејата за хиперсоничен авион на Venus Aerospace, под работното име Stargazer. Станува збор за идеја за цивилно летало напојувано со ракетни мотори, кое би било дизајнирано да лета со просечна брзина од околу 8.000 км/ч и способно да се искачува до височина од 52.000 метри.

Сопружниците Даглби, сопственици на компанијата Venus Aerospace и главни инженери кои стојат зад проектот, објавија во тоа време дека имаат за цел да направат билетите за летови на таков авион да не чинат повеќе од сегашните цени на летање во прва класа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Venus Aerospace (@venusaero)

реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Вести

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Read more

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Read more

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Read more
 

Гик

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Читај повеќе

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе